Живот и Стил

„Ресана колач наопаку” – вистинско уживање

„Ресана колач наопаку” – вистинско уживање
Направете брз и вкусен десерт со портокали.

СОСТОЈКИ:

  • 2 лажици маргарин
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 2 портокали
  • 1,5 лажици брашно
  • 1,5 лажички прашок за пециво
  • 1/8 лажички сол
  • ¾ шолји мали шеќер
  • ½ шолји јогурт
  • ¼ шолја сок од портокал
  • 2 лажици кора од портокал
  • ½ шолји мали масло
  • 3 јајца

ПОДГОТОВКА:

  1. Се загрева рерната на 180 степени.
  2. Се топи маргарин на тава и се додава кафеав шеќер, се топи и се трга од оган.
  3. Се става на дното на округол калап.
  4. Се сечат портокалите на кругови и се редат.
  5. Се мешаат во сад брашно со прашок за пециво и сол.
  6. Во друг сад шеќер со јогурт и сок од портокал, кора од портокали и масло.
  7. Се додаваат изматени јајца, се мешаат смесите и се става врз портокалите.
  8. Се пече 30 минути и се превртува наопаку, се сече и служи.

Уживајте!

извор:готви.мк