Радио Милева
нов член на семејството

Запознајте го Зоран Шијан: Мирко Шијан ја објави првата фотографија од синот (фото)

Запознајте го Зоран Шијан: Мирко Шијан ја објави првата фотографија од синот (фото)

Синот на познатата пејачка Гоца Божиновска, Мирко Шијан и неговата избраничка Бојана Родиќ на  неодамна станаа родители за првпат.

Тие добија син, а наследникот доби име по покојниот татко на Мирко, Зоран Шијан.

Парот ужива во првите моменти со синот. Тие објавија неколку фотографии како го поминуваат времето со бебето, но не го покажаа лицето на новиот член на семејството.

Меѓутоа, Мирко овој пат на Инстаграм ја објави првата фотографија од синчето.

„Зоран Шијан“, напиша кратко.

„Пресладок е“, „Колку слатко момче“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат.

фото: ана паунковиќ/мирко шијан

Останати вести од Радио Милева