четврток, 23 ноември 2017  |  Вести денес: 0

ССК: Со Светската трговска организација ги отвораме вратите за извоз

По изборот на првиот шампион корпорацијата Google Inc. минатиот месец, Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) со проектот “Светска мрежа за мали бизниси” од страна на Светската трговска организација и Интернационалната Стопанска Комора е официјално прогласен за втор „Шампион за мал бизнис“.

Овој голем успех за Република Македонија и официјално беше проследен со заедничка изјава на Роберто Азеведо, директор на Светската трговска организација, Џон Данилович, Генерален Секретар на ICC, како и на Данела Арсовска, претседател на Сојузот.

-Домшаните компании  по најнови светски трендови, со поддршка на Светската трговска организација и Интернационалната стопанска комора, преку Сојузот ќе имаат можност да го зголемат извозот. Малите и средни претпријатија,  ќе учествуваат во „Светската мрежа за мали бизниси“, со цел нивно полесно интегрирање во регионалните и меѓународни пазари, олеснување на пристапот до информации и градење на капацитетите за извоз. Идентификувани ќе бидат оние МСП кои имаат потенцијал за трговија на меѓународно ниво, а кои во моментот имаат ограничени можности, вештини како и пристап до странските пазари. Уникатноста на проектот е што дава гаранција за компаниите да имаат ефикасни и безбедни деловни трансакции, како и нов сигурен партнер за соработка, изјави Арсовска.

Директорот на Светската трговска организација, Роберто Азевадо во заедничката изјава ден претходно истакна дека станува збор за креативен проект, нов дигигитален продажен излог за МСП кој ќе овозможи да ги промовираат нивните производи и услуги, како и да ги користат непроцелнивите можности за обуки.

-Проектот на ССК, ќе ги поддржи и охрабри малите компании во изнаоѓање можности за проширување на меѓународните пазари  и очекувано е  да го прошират позитивното влијанието во регионот, рече Азевадо.

Генералниот секретар на Интернационалната стопанска комора, Данилович, истакна дека бизнисот има информации од прва рака за бројните предизвици со кои се соочуваат малите и средни претпријатија при интегрирање во глобалниот пазар.

-Овој иновативен проект на ССК е одличен пример како бизнисот може да ја искористи својата експертиза и ресурси со практични решенија да делува во корист на сите, изјави Даниловиќ.

Учеството на МСП во меѓународната трговија е мало, најчесто поради сложени трговски постапки. Новите технологии помагааат да се надминат овие пречки и да се отвори поле за меѓународна трговија на малите и средни компании. Во таа насока, градењето на инклузивен трговски систем е од големо значење. Зголемување на извозот на домашните компании е една од главните цели на Сојузот на стопански комори на Македонија за севкупен економски раст во земјата.

Извор: Курир.мк

#Коментари