четврток, 23 ноември 2017  |  Вести денес: 0

(ФОТО) Најзгодните близначки на Софискиот маратон им покажаа на Бугарите дека му нема рамно на македонското девојче!

Од содржините на Вистина.мк неодамна имавте можност да ги запознаете сестрите Марија и Магдалена Гаврилови, кои преку спортскиот и здрав начин на живот, а и со своите совршено градени тела ги освоија вашите симпатии.

Младите 26 годишни близначки од Кочани, Марија и Магдалена за себе велат дека не би можеле да го замислат својот стил и начин на живот без спортот и вежбањето. Дека посветено се трудат да изгледаат атлетски и секси потврдуваат  фотографиите на нивните профили на социјалните мрежи каде имаат бројни следбеници.

Функционираат неразделно една од друга, а покрај истиот избор на факултетот за правни науки, Марија и Магдалена имаат исти пасии и гледишта кон животот. Без спортувањето не би можеле да го замислат своето секојдневие, а на секој маратон во трчање тие се први на позиција со својот натпреварувачки дух.

Неодамна двете се упатија кон Бугарија, каде трчаа на Софискиот Маратон и освоија медали со кои се пофалија на Фејсбук.

Инаку, Марија и Магдалена не пропуштаат ниту еден маратон. Неодамна трчаа на Скопскиот маратон, а пак претходно беа на трка и во Подгорица.

Доколку ви треба мотивација за вежбање, тогаш Марија и Магдалена секако се вистинскиот поттик за тоа.

#Коментари
[fbcomments]