четврток, 23 ноември 2017  |  Вести денес: 0

(ФОТО) Лице на Годината за Македонија е преубавата Горјана Кулишевска!

Регионалниот избор за Лице на Годината или светски познат како „The LOOK  of the YEAR“ се случи завчера вечер во Белград каде што беше избрана 16 годишната Горјана Кулишевска од Скопје.

Ова е четврта година по ред како се избира Лице на Годината за Македонија во соработка со модната агенција Модел Скаутинг Офис од Белград. Во Јуни се одржа кастингот во просториите на модната агенција Моделс ИН каде беа избрани десетте финалистки.

Нашата прекрасна Горјана која е веќе 3 години дел од Моделс ИН во моментов се наоѓа на финалето за Лице на Годината 2017 кое се одржува на вулканскиот остров  Искиа во Италија.

Инаку Кулишевска е трета година во гимназијата Орце Николов, и покрај моделингот успева да најде време за фитнес и џогинг. За регионалниот избор е задолжена агенцијата MSO на Јелена Ивановиќ која се уште ги застапува и минатогодишните победнички од овој избор и секако се грижи за интернационалниот успех  на нашиот топ модел Елена Реи.

Големото финале на the LOOK of the YEAR 2017 се случува во сабота, па на нашата Горјана и ја посакуваме сета среќа на светот.

извор:курир

#Коментари
[fbcomments]