четврток, 23 ноември 2017  |  Вести денес: 0

Водич низ скопскиот моден свет со Ninna Red (ФОТО+ВИДЕО)

На социјалната мрежа Инстаграм нејзе ќе ја најдете како Ninna… @ninnared. А таа пред се е многу нормална, обична приземна скопска девојка. Постојано ведра и позитивна… Насмевката е нејзиниот заштитен знак. Но тоа е само надворешната страна. Она што во себе го носи е нешто друго.

Јавноста ја знае како Николина Славковска, радиоводител (Студент ФМ),  новинар ( Бекстејџ) и фотограф, пред се креативна личност во многу нешта. Таа е главниот креатор на проектот “Fashion in Skopje”, преку кој на најдобар можен начин ја доловува модата во Скопје.

Но Николина не само што фотографира, туку има и огромна желба да се фотографира, што е  мотив повеќе и добра причина за да ја следите на социјалните мрежи.

Различни серијали на  фотографии со совршен стил се вистинска инспирација за тоа како треба да се носат девојките кај нас, а мажите…? Тие само можат  да уживаат во нејзиниот перфектен стајлинг и изглед.

#Коментари
[fbcomments]