четврток, 23 ноември 2017  |  Вести денес: 0

Ана Ивановиќ ја засени Ирина Шајк на црвениот тепих! (ФОТО)

Иако голем дел од светските медиуми деновиве се занимаваат со нејзината блажена состојба, тенисерката Ана Ивановиќ успеа да ја воодушеви јавноста.

На модно-забавниот спектакл во Верона убавата тенисерка се појавила во прилично секси издание, во кое ни малку не личи дека е бремена, или тоа вешто го сокрива.

На црвениот тепих Ана блеснала во црно издание од глава до пети. Долг блејзер со топ маичка од тантела, комбинирана со црно здолниште и црни салонки.

Ваквиот атрактивен изглед наиол на многу позитивни коментари од нејзините обожаватели, кои рекле дека убавата бринета успеала да ја засени и Ирина Шајк, која исто така присуствувала на ова случување и од првиот ред заедно со Ана ја следеле ревијата.

#Коментари
[fbcomments]