четврток, 23 ноември 2017  |  Вести денес: 0

(АУДИО) Запознајте ја новата музичка надеж Ангела Даиловска и нејзината „Јас не сум ти“

Младата Ангела Даиловска е една од новите музички надежи која ветува многу. Таа пред неколку дена ја објави својата прва песна која носи наслов „Јас не сум ти“, а коментарите се и повеќе од позитивни.

Станува збор за песна на на Гоце Симоновски кој ја направи музиката и арнажманот, додека текстот e дело на Роберт Матовски.

Песната веќе се слуша на повеќето радиостаници во земјава, а Ангела вели дека ова е само почеток.

 Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката и повеќето ќе се пронајдат во неа. Ова е моја прва песна, но ќе продолжам да творам и понатаму. Сакам да сум на естрадата, сакам да пеам, да имам своја публика – вели младата Ангела.

https://www.youtube.com/watch?v=UiX907X_9v4&sns=fb

 

#Коментари
[fbcomments]