четврток, 23 ноември 2017  |  Вести денес: 0

Холивудски гламур среде Скопје: Ѕирнете во новото студио на Дадар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најпознатиот, најдобриот и најпопуларен македонски стилист, Александар Билјановски – Дадар неодамна свечено го промовираше новиот простор на неговото „Мое студио – Дадар“, кое се наоѓа на нова локација, веднаш до Католичката црква во центарот на Скопје.

Опремено со најсовремена козметичка опрема и апаратура, со просторен, луксузно направен ентериер и скапо изработен  мебел, новото студио на Дадар е навистина елитно место, кое по својот гламур наликува на оние што сме ги гледале само на филмовите. Како да сте кај најпознатите холивудски стилисти… Секако, квалитетот и брзината на услугите исто така не се далеку од тоа… освен цените… кои се македонски и пристапни за сите.

Изработено од архитектот Хелена Мојсиќ, новото студио плени со своите практични просторни решенија, кои изработени и опремени со скапи материјали, во исто време изгледаат и луксузно и гламурозно, но и просторно и практично.

Едноставно „Мое студио – Дадар“ е место полно со гламур и сјај каков што оваа професија, но и македонската метропола оддамна заслужуваат, а во исто време место каде вештите раце и имагинацијата на тимот на Дадар, вашиот изглед ќе го претворат во бајка! Свадбена, роденденска, матурска, дипломска, па дури и секојдневна… Онаква, каква што ќе посакате!

Погледнете како изгледа новото „Мое студио“  на Дадар низ објективот на маестро Дејан Пановски.

 

 

#Коментари
[fbcomments]