четврток, 23 ноември 2017  |  Вести денес: 0

(ВИДЕО) „Бато (Роѓени)“ од Калиопи е вистинска љубовна приказна од Кичево

Песната „Роѓени“ или како што пубиликата ја знае под името „Бато“ своевремено  ја вивна Калиопи на ѕвезденото небо. Поминаа повеќе од 30 години, а „Бато“ и ден денес урива рекорди на слушаност. На Јутјуб има преку милион прегледи.

Инспирацијата за стиховите во песната потекнува од  вистинска проказна која се случила во средината на минатиот век. Биле двајца млади, се заљубиле. Била навистина голема љубов, ги знаел градот. Но, поради тоа што девојката била многу млада, домашните и забраниле да се гледа со момчето. Минувало време, болката никако не стивнувала. Единствен човек кој ги поддржувал е токму братот на девојката, виден и почитуван човек во Кичево. Ја знаел болката на сестра си. Бидејќи ѝ бил најблизок, бил нејзиното рамо за плачење, таа му се исповедала, на својот роден… на „бато“. Оттука  настанала и оваа песна. На крајот, приказната сепак има „хепи енд“. Тие сепак биле заедно.

Поминале неколку децении додека Калиопи не ја слушнала и заедно со Ромео Грил не ја преточила во песна, како што велат оние што одблизу ги познаваат, веројатно како инспирација за нејзината слична судбина, врзана со нивната љубов. Останатото е историја. Песната станува еден од нејзините, ако не и најголемиот хит во досегашната кариера на Калиопи, вечен евергрин кој ќе остане да се пее со децении.

#Коментари