Живот и Стил

Колку долго се задржува коронавирусот на заштитната маска за лице?

Колку долго се задржува коронавирусот на заштитната маска за лице?

Со оглед на тоа дека коронавирусот примарно е болест на респираторниот систем, заштитната маска за лице не е површина до која не може да дојде вирусот. Замислена е како средство кое го штити лицето на тој што ја носи од вдишување на ситните капки кои се исфрлаат кога некој болен ќе се накашла или ќе кивне. И се разбира, обратно – ги штити луѓето во околината кога тој што ја носи ќе кашла или ќе кива.

Бидејќи примарниот материјал од кој се прават маските е ткаенина, ново истражување објавено во научното списание Lancet открива дека коронавирусот на маските за лице може да преживее до седум дена. Зачудувачки, но траги од тој вирус може да се најдат на заштитните маски дури и на седмиот ден, наведуваат авторите на студијата.

Властите ширум светот советуваат заштитните маски да се носат постојано додека трае пандемијата на коронавирусот за да се заштитат од заразата. Сепак, недостигот од N95 маски многумина натера да импровизираат – од марами, делови од стари маици, марамчиња итн. Без оглед на тоа од каков материјал се направени, на сите нив вирусот може да живее до една недела.

Некои го знаат тоа, па маските ги перат или ги фрлаат после носењето. Како и да е, треба да се избегнува да се допира надворешниот дел од маските или ако се допре, да се дезинфицираат рацете веднаш после тоа за вирусот да не навлезе преку прстите во устата, носот или очите, од каде што има слободен пристап до целиот организам.

Извор: Иновативност