Радио Милева

„Ќе бидам вулагарна“: Сопругата на Огњен Амиџиќ откри дали ѕирка во мобилниот на водителот

„Ќе бидам вулагарна“: Сопругата на Огњен Амиџиќ откри дали ѕирка во мобилниот на водителот
фото: масон јошида

Водителот Огњен Амиџиќ и манекенката Даниела Димитровска се во одличен брак веќе седум години, а заедно го имаат синот Матија кој во ноември наполни шест години.

Даниела пред камерите на „Премиера“ призна дека нејзиниот син не разговара со неа за нејзините симпатии, туку дека за тие детали разговара само со неговиот татко.

„Мене не сака да ми каже, јас го оставам тоа да остане меѓу него и неговиот татко. Јас мислам дека на мене ќе ми признае кога ќе биде нешто вредно, кога ќе ја доведе дома (се смее)“ вели сопругата на водителот.

фото: инстаграм

Таа проговори и за неверството, па откри дали ѕирка во телефонот на својот сопруг.

„Не гледам во телефонот на Огњен и мислам дека никој не треба да гледа во туѓ телефон. Мислам дека секој од нас има право на приватност, без оглед дали сме во брак или заедница, ние сме индивидуи. Кој на кого му дава за право да ѕирка во туѓ телефон. Да бидам малку вулгарна, тоа би било исто како да одите со сопругот во тоалет. Јас се надевам дека тоа никој не го прави, јас не го правам“ истакна Даниела низ насмевка.

фото: инстаграм

Останати вести од Радио Милева